Свет

Пронајден мотор на авионот кој се урна во Кина

За време на операцијата за пребарување и спасување во јужниот кинески регион Гуангкси, денеска е пронајден мотор на авионот на компанијата „China Eastern Airlines“.

Да потсетиме, авионот на кинеската компанија се урна во понеделникот.

Авионот „Боинг 737-800“ со два мотори го изработи CFM International, која е заедничко вложување на американскиот „Џенерал електрик“ и францускиот „Сафран“, пренесува Ројтерс.

Авионот летал на височина од 8.800 метри кога ненадејно се урна во понеделникот, во 14.20 часот по локално време, недалеку од градот Вучо.

Во авионот имало 123 патници и девет членови на екипажот.

На почеток