Голем пожар во близина на нуклеарната централа Чернобил, Украина издаде предупредување
Комесарката за човекови права на украинскиот парламент Људмила Денисова изјави дека пожарот во близина на нуклеарната централа во Чернобил зафатил повеќе од 10.000 хектари шуми. „Горат повеќе од 10.000 хектари шума во зоната на исклучување во близина на нуклеарната централа Чернобил. Регистрирани се 31 пожар, што доведе до зголемување на нивото на радиоактивното загадување на воздухот“, рече Денисова.
☢️ WARNING
More than 10,000 hectares of forest are burning in the #Chornobyl zone. As a result of combustion, radionuclides released into the atmosphere and transported by wind over long distances threaten radiation to #Ukraine, Belarus, and European countries.
👇— Verkhovna Rada of Ukraine – Ukrainian Parliament (@ua_parliament) March 27, 2022
Таа апелираше до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што поскоро да испрати експерти и противпожарна опрема во Украина со цел „да се спречат непоправливите последици не само за Украина, туку и за целиот свет“.
„Како резултат на согорувањето, во атмосферата се ослободуваат радионуклиди, кои ветерот ги носи на значителни растојанија“, истакна таа. За пожарот извести и украинскиот парламент, наведувајќи дека радионуклидите испуштени во атмосферата можат да стигнат до Белорусија и другите европски земји.
Вететровито и суво време ќе го зголемат интензитетот и површината на пожарот, што ќе доведе до пожари од големи размери кои тешко се справуваат дури и во време на мир.