Свет

Француски министер: Ако не им помогнеме на цивилите во Мариупол, ќе бидеме колективно виновни

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан изјави дека доколку ништо не се преземе за да им се помогне на цивилите во Мариупол, ќе следи „колективна вина“.

„Мариупол е впечатлив пример за воена опсада, а воените опсади се ужасна форма на војна бидејќи цивилното население се масакрира, уништува. Страдањето е страшно“, рече Ле Дриан на меѓународната конференција на Форумот во Доха.

Макрон рече дека ќе разговара со Путин за Мариупол
„Затоа мора да има барем еден момент во кој цивилното население може да дише“, рече тој, додавајќи дека е вклучен францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон во петокот рече дека сака да има повеќе разговори со рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови за ситуацијата во Украина и иницијативата да му се помогне на населението да го напушти Мариупол.

На почеток