Свет

САД испраќа шест воени авиони во Германија, велат „нема никаква врска со Русија“

Соединетите Американски Држави распоредуваат шест електронски воени авиони ЕА-18Г Гровелер во Германија за зајакнување на колективните сили на НАТО.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби вели дека САД испраќаат околу 240 американски воени лица во Германија – пилоти и претставници на техничкиот персонал.

Авионите за електронско војување (ЕВ) распоредени од САД во Германија нема да се користат против Русија, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

„Тие не се распоредени за да се користат против руските сили во Украина“, рече Кирби, додавајќи дека распоредувањето е дел од напорите да се изградат способности за одвраќање.

Тој објасни дека распоредувањето на шест авиони на американската морнарица EA-18G Grouler не е одговор на каква било „закана или инцидент“.

На почеток