Актуелно

Нова „Јавна соба“ на Телеграм

Уште една група со име „Јавна соба“ и со иста цел викендов се појавила на Телеграм. Овојпат групата се вика „Јавна соба резерва“, има 1.340 членови, а скопјанка за Телма изјавила дека ѝ биле објавени податоци од фејсбук-профилот со туѓи фотографии и порнографска содржина.

Претходно Кривичниот суд донесе пресуда во предметот „Јавна соба“. На обвинетите во случајот на кои им се судеше за производство и дистрибуција на детска порнографија им се изречени казни затвор во траење од по 4 години.

По откирвањето на првата група се појави уште една слична група „Јавна соба 2“ за која обвинителството се’ уште води предистражна постапка.

На почеток