Голем пожар синоќа во Тетово, запалени дуќани во Градскиот стадион

Од
Објавено на

Голем пожар синоќа го зафатил тетовскиот Градски стадион во подтрибинскиот простор, па пожарот ги пеплосал дуќаните кои се наоѓале таму, но во огнената стихија изгореле и поголем дел од столчињата во делот каде бил пожарот, објави порталот Тетово инфо. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.
„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање на струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, рекол командирот на противпожарната бригада Ука Алити.
