Македонија

„Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас“, вели Михајловиќ

По објавената пресуда од три години за возачот кој во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ ја прегази Викторија Николова, семејството на починатата денес излезе на протест пред Кривичниот суд во Скопје, заедно со роднини, пријатели и лица кои не се согласуваат со казната.

Адвокатот на семејството во изјава за медиумите вели дека оваа пресуда е неправда за сите и непочитување на институцијата Обвинителство и владеењето на правдата.

„Најголемата закана за правдата е неправда, ние кај нас во државата го имаме во изобилие тоа. Тоа го добивме и пред четири дена. Во предметот каде се расправаше за смртта на Викторија успеавме да видиме дека не се важни законите, ниту некој бара правда, ниту имаме владение на правото. Затоа за жал на улица бараме да се слушне гласот на народот. Пред 80 дена беше Викторија, утре може да биде секој од нас. За дело каде казната е од 4 до 20 години, ние имаме казна под законскиот минимум. Сметаме дека тоа е апсолутна неправда“, вели адвокатот на семејството, Владимир Михајловиќ

На почеток