Македонија

Неделков: Додека членовите на СОНК не се произнесат, штрајкот продолжува

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели тој.

На почеток