Свет

Париската полиција пукаше во автомобил кој се движеше кон нив, уби две лица

Полицијата во центарот на Париз пукаше во автомобил кој со голема брзина се движеше кон нив и одби да застане на контролен пункт на Понт Нојф.

Инцидентот се случил нешто по полноќ, само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Макрон ја победи десничарската кандидатка Марин Ле Пен во вториот круг од изборите. Според извори на АФП, полицајци убиле две лица од автомобилот.

Седанот Фолксваген се движел со брзина поголема од дозволената по Понт Нојф, а потоа возилото се упатило во правец на полицијата.

Двајца патници загинаа, а третиот е повреден. АФП наведува дека на местото на настанот имало многу полиција.

На почеток