Свет

Кадиров нуди милион долари за информација

Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров понуди награда од еден милион долари за посебни информации.

Станува збор за информацијата каде се наоѓа „баталјонот на шеикот Мансур и Дудаев“, за кој тврди дека им помага на украинските сили во конфликтот со Русија.

„Нудам награда од еден милион долари (има покровител кој е подготвен да донира) на секој кој ќе каже каде е таканаречениот баталјон на Шеикот Мансуров и Дудаев“, рече Кадиров во аудио пораката на Телеграм.

Тој посочи дека баталјонот мора да биде „уништен“ или неговите членови „мора да клечат и да побараат прошка од својот народ, сите муслимани…“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека Кадиров претходно ветил дека ќе „разјасни“ со луѓето што побегнале од Чеченија, кои себеси се нарекувале „баталјони на шеикот Мансур и Дудаев“ и ветил дека ќе и помогне на Украина во борбата против Русија.

На почеток