Изграден споменик посветен на борците на УЧК во Слупчане
Од
Објавено на
Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри, во понеделник, на 2 мај ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане.
Споменикот ќе биде посветен на борците на УЧК.
Свеченото откривање на споменикот преку Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.
„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, напиша Арифи.