Македонија

Ковачевски ја турка Македонија во провалија, само да ја зачува власта, вели опозицијата

„Ковачевски е деструктивен, заради него и СДСМ државата се наоѓа во неколку кризи, а народот е се посиромашен, тој нема идеја како да ја извади државата од ќорсокакот во кој не внел и упорно сака да остане на власт и бега од избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

„Народот плаќа 30% поскапа струја директно, а индиректно преку буџетот се плаќаат стотици милиони за увоз на скапа струја и тоа е се заради неспособноста на власта и криминалот во РЕК.

Цените на основните намирници се и до 100% поскапени, а платите не мрдаат од мртва точка.

Владата е главниот виновник за лошата ситуација во економијата. Државата е во стагфлација. Имаме и инфлација и економски крах.

Ковачевски е свесен дека националната катастрофа која ја живееме, а предизвикана од нив не може да ја реши, но по секоја цена сака да остане на власт, па макар народот и државата да платат огромна цена.

Лошите политики на Ковачевски се гледаат и во односите со Бугарија. Тој не знае како да ги брани македонските интереси, па чека и по неколку дена како јавноста ќе реагира за да сними видео од кабинет.

Македонија не била во полоша положба од денес. И СДСМ нема капацитет да направи било што за да тргне на подобро.

Ковачевски и СДСМ мора да сфатат дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори, само така државата ќе добие силна влада водена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе знае како да ја изведе од кризата“.

На почеток