Скопје

Автомобил запален во Карпош, гореле и две други сосе бандера

На 07.05.2022 во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар во патничко возило „Митсубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје.

Од пожарот бил зафатени уште две возила – „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(30) и патничко возило „Дајхатсу Сирион“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(55) од Скопје, Исто така, со пожарот била зафетена една бандера, сопственост на ЕВН. Увид бил извршен.

На почеток