Скопје

(ВИДЕО) Маж во Тафталиџе згрози многумина со неговиот потег: „Ѓубре од човек!“

Возрасен маж украл кутии за бездомни мачки кои биле поставени од здружението „Ангелкетс“. Снимката направена од безбедносните камери покажува како тој прво доаѓа и ги забележува кутиите кои се скривалиште од ладното за бездомните животни, потоа заминува, па повторно се враќа за да ги земе

„Си дошол, си разгледал, си отишол. Размислил два саати, па се врати и си ги земал. Му требаат за нешто. Со дупка, со дупка во кутијата, што има врска. Ова се кутии за бездомни мачки што заедно со неколкумина активисти се изработени изминатава зима со мал грант од Цивика Мобилитас. Срцкава е снимен во Тафралиџе кај пазарчето во еден трговски локал“, стои во објавата.

Овој потег предизвика лавина реакции, дотолку што по потегот, повеќемина коментираат: „Ѓубре од човек“.

На почеток