Магазин

(ВИДЕО) Објавен настапот на Андреа со кој не се пласираше во финале, Констракта апсолутен фаворит

Македонската претставничка на Евросонг, Андреа Коева не се пласираше во финалето на Евросонг. Таа настапи 11 -та по ред на втората полуфинална вечер во Торино со песната Circles.

Од втората полуфинална вечер во финале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска,Естонија,Австралија, Шведска, Романија и Србија. Додека од првата во финале се пласираа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Од големата петорка, своите настапи ќе ги претстават Англија, Германија и Шпанија.

Србија се пласираше во финалето на „Песна на Евровизија“, а претставничка Ана Ѓуриќ Констракта доби овации од публиката по настапот во Торино.

Сепак, домаќините ја прочитаа Србија последна од листата од 10 земји кои отидоа понатаму по втората полуфинална вечер.

Освен Србија, вечерва во финалето се најдоа и: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија.

Финалето на Евросонг ќе се одржи на 14 мај, а ќе пеат претставниците на 25 земји.

На почеток