Видео и Фото

(ФОТО) Сообраќајка на Качанички пат, маж е со повредена глава

Сообраќајка се случи на Качанички пат. Попладнево, се судрија две возила од кои едното е марка “панда”. Двете со скопски регистарски ознаки. Очевидци сведочат дека двајцата возачи се повредени.

Од тоа што може да се види на местото на несреќата, пристигната е и Брза помош. Еден од патниците во возилата е веќе со преврзана глава.

Од ударот оштетени се и двете возила. Едното од нив марка “Панда” има поголеми оштетувања, меѓу кои предната гума која е целосно откачена.

Непознато е како дошло до несреќата. На терен има и полиција. Сообраќајот се одвива отежнато.

На почеток