Скопје

Пожар во хотелот „Буши“ во скопската чаршија, навремено евакуирани сите гости

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.

Тие потврдија дека пожарот е локализиран.

На почеток