Актуелно

„Општина Тетово не е подготвена за вакви ситуации“, вели Касами по денешните поплави

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами во изјава за ТВ21 рече дека општината не е подготвена за ситуации како што се денешните поплави.

„Состојбата на терен покажува дека општината воопшто не била подготвена за вакви ситуации. Уште еднаш кажувам дека состојбите се констатирани многу порано од страна на УНДП, особено во однос на атмосферската канализација, но не е интервенирано. Сега во ситуацијата во која финансиски се наоѓа општината, немаме никаква погодност да интервенираме по потреба во моментот кога треба да се интервенира, но ќе најдеме начин да им помогнеме на граѓаните“, рече Касами.

На почеток