Кадиров: Заврши целосното чистење на Северодоњецк

Од
Објавено на

Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров објави дека е завршено целосното „чистење“ на источниот украински град Северодоњецк.
„Борците преминаа во следната фаза – потемелна случајна проверка на поединечни објекти“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека украинските сили во градот се поразени, а руските војници ја контролираат ситуацијата.
