Ангелов бара да учиме од Албанците


Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција изјави дека Македонците треба да учат од Албанците како се почитуваат оние кои се бореле за сопствената држава.
„Денес е прослава на ДУИ односно 20 години од формирањето на политичката партија ДУИ, која што произлезе од редовите на УЧК. Јас и го честитам овој јубилеј од 20 години и сакам да укажам дека граѓаните Албанци од Македонија, на било кои избори, секогаш повеќе од 55% даваат поддршка на ДУИ. Тоа зборува во насока дека меѓудругото дека Албанците даваат поддршка на ДУИ затоа што потекнува од УЧК, организација која што се бореше, според нас за отцепување на дел од територијата на државата, но според нив за нивните права.
Ние Македонците треба да учиме од Албанците како се почитуваат оние кои што се бореле за сопствената, во нашиот случај ние се боревме за државата. Тие се бореа за нешто кое што нам ни е туѓо, но сепак Албанците покажуваат почит кон нив. Поголем дел од македонските бранители верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ е она што е ДУИ во албанскиот блок, и дававме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за жал наместо да ни биде возвратено на ист начин, некаде по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, по 2006 година бранителите беа тужени, додека злосторниците опфатени со хашките случаи беа амнестирани, но и многу други неправди“, вели Ангелов
