Свет

Џонсон: Владата може да продолжи да се фокусира на важни работи

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, смета дека вечерва добил „убедлива и одлучна“ поддршка и вели дека довербата што ја добил од пратениците значи дека „владата може да продолжи и да се фокусира на ситуации кои се важни за народот.

Тој рече дека владата и неговата партија сега можат да ја завршат својата работа и да ги остават зад себе сите работи на кои медиумите долго време се фокусираа, пренесе Би-Би-Си.

Вечерва пратениците во британскиот парламент гласаа за владата на Џонсон.

За негово останување на чело на владата гласаа 211 пратеници, а 148 беа против, изјави директорот на партискиот комитет на Конзервативната партија што го надгледуваше гласањето Греам Брејди, пренесе Ројтерс.

Одлуката за гласање дојде откако имаше барања премиерот и лидерот на партијата да поднесат оставка поради скандалот Партигејт, односно забава која беше организирана во владините канцеларии за време на локдаунот поради пандемијата.

На почеток