Актуелно

Украина сака да ја исфрли „Војна и мир“ од училишната програма

Украина планира да го отстрани од училишната програма романот „Војна и мир“ на рускиот писател Лав Толстој бидејќи романот ја воздигнува руската армија, објави денеска првиот заменик министер за образование на Украина Андреј Витренко.

Тој додаде дека голем број книги од руски писатели се планира да бидат исфрлени од училишната програма.

Како што рече, „сè што ја воздигнува руската армија ќе исчезне од училишната програма за странска литература“, пренесува ТАСС.

– На пример, „Војна и мир“, тоа е нешто што повеќе нема да се изучува во Украина – изјави тој, а наведува украинскиот УНИАН.

Тој додаде дека училишните програми во Украина се очекува да бидат изменети за да се зајакне „патриотското образование“.

На почеток