Охрид

Во Охрид по дванаесет години е исчистена депонијата на влезот од градот

По 12 години барање до локалната и Охридски комуналец, денес конечно се реши проблемот на граѓаните пред самиот влез на градот.

„По налог на Општина Охрид, се реши долгогодишниот проблем со дива депонија и обраснатиот појас на Бул.Туристичка (на самиот влез на градот -Плавобели згради). Во акцијата беа вклучени 2 машини, 1 камион, 2 трактори и 14 луѓе, а оваа акција траеше две недели“, велат од Охридски комуналец.

На почеток