Македонија

„Еден е премиер во бегство“, Мицкоски раскажа за комуникацијата со Груевски

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека нема комуникација со Никола Груевски. Тој го нарече „премиер во бегство“ и посочи дека е еден таков. Раскажа и ситуација со претставник на странска амбасада кој му тврдел дека комуницира со Груевски во Будимпешта. Мицковски тврди дека последен пат со Груевски комуницирал кога тој бил во Македонија.

„Дајте ми доказ дека имам индиректна, директна комуникација, спремен сум утре да сносам одговорност. Ако немате таков доказ, треба да се извините, бидејќи вашите служби џабе плата зимаат. Ајде да разберам да имам стотина премиери во бегство, ама еден е таков. Валјда да знаете“, вели Мицковски за Канал 77.

„Не би го коментирал тоа“, вели Мицкоски на прашањето дали Груевски преку Стевчо Јакимовски.

На почеток