Свет

Прв случај на мајмунска сипаница во американската војска

Американската армија потврди дека во нивните редови е забележан првиот случај на мајмунска сипаница, поточно кај еден војник кој служи во американската база во Германија, пренесе „Ен-би-си њуз“.

– Потврдуваме дека еден припадник на армијата во Штутгарт неодамна на тест е потврден дека боледува од овој вирус. Тој е префрлен во воената клиника во Штутгарт и моментално е во изолација, се опоравува – изјави во петокот портпаролот на Европската команда на американските сили (ЕУКОМ), Бил Спајкс.

Спикс не го откри идентитетот на припадникот на армијата, но рече дека германските власти се свесни оти „американската армија се однесува во согласност со законите и правилата на домашната држава“.

– Ова е западноафрикански сој, кој е претежно благ, а преносот од човек на човек е ограничен – рече Спикс.

На почеток