Магазин

Северина се пофали: „Горда сум затоа што овој млад господин ме избра мене“

Пејачката Северина на Инстаграм се пофали дека е кума. Таа со своите придружници сподели серија фотографии од црквата, на кои позира во друштво на младото момче и неговото семејство.

Северина во долгата објава откри како се чувствува и истакна дека младото момче, меѓу другото, бил еден од најдобрите на државниот натпревар по историја.

„Толку сум горда што овој прекрасен млад господин ме избра мене да му бидам кума на крштевката, да му ја држам раката на рамо, додека тој навистина верува во тоа што го кажува. Оваа година беше еден од најдобрите на државниот натпревар по историја (и знам дека е одличен по математика и хемија), има многу да се научи од него“, напиша Северина.

На почеток