Македонија

Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура, вели опозицијата

СДСМ крати од развој, 15.7% помалку во развојната компонента на буџетот, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на Даниела Колева

„Власта крати 2.2 милијарди денари од потпрограмата за патна инфраструктура.

Намалени се и средства во Министерство за животна средина за цели 335 милиони денари.

Се кратат пари и од образование.

СДСМ и ДУИ со ребалансот на буџетот кратат пари од капитални инвестиции, а трошат на непродуктивни трошоци.

Власта не работи за народот, туку целиот систем работи за неколку луѓе блиски до врвот на власта.

Нема пари за народот, има 1.4 милиони евра за Заев. Нема за плати и инвестиции, има за златни тањири, вилушки и лажици во владата.

Со СДСМ државата тоне. Народот осиромашува. Премногу е“, се вели во реакцијата.

На почеток