Свет

Белата куќа: Застрашувачки е што Кремљ сака смртна казна за американските граѓани

Реагирајќи на соопштението од Москва, Белата куќа истакна дека е „страшно“ што руски функционер предложил смртна казна за Американците заробени во Украина.

САД се шокирани што руски функционер (порпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков) може да зборува за потенцијална смртна казна за американските платеници, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

„Го видовме коментарот на Песков. Шокирани сме што официјален претставник во Русија дури може да сугерира дека постои можност за смртна казна за двајца американски државјани кои се во Украина“, рече Кирби.

Покрај тоа, во вторникот американскиот Стејт департмент потврди дека во Украина бил убиен платеник, американскиот државјанин Стивен Забелски. 52-годишниот Американец почина на 15 мај, но информацијата стигна подоцна.

На почеток