Македонија

Му ги земал податоците од трансакциската, па подигнал кредит

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот, кој бил на издржување казна затвор, во периодот од март до април 2022 година со лажно прикажување на фактите, довел во заблуда лице од Кочани дека треба да добие пари од странство и успеал да го убеди да даде лични податоци од трансакциската сметка на неговата мајка за да му бидат пуштени парите. Потоа, пријавениот подигнал кредит од финансиско друштво, кој бил уплатен на таа трансакциската сметка, кои потоа оштетениот му ги дал на пријавениот.

На почеток