Македонија

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата.

Огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да нè извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.

Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање заеднички чекори за иднината на земјата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток