Свет

(ФОТО) Бајден носи ливчиња на кои пишува што треба да прави

За време на неодамнешниот состанок во Белата куќа, Џо Бајден пред камера по грешка открил дека носи ливчиња во кои точно му било кажано што треба да прави за време на средбата.

Ливчињата ги забележале фотографите во собата на Рузвелт во Белата куќа кога Бајден по грешка ги подигнал од масата.

Првите ставки на хартијата се: „Влегувате во собата на Белата куќа и ги поздравувате учесниците“ и „Седите на вашето место“.

Понатамошни тези се: „Доаѓаат новинари“, „ВИЕ коментирате накратко (2 минути)“, „Новинарите си заминуваат“, „Ја прашувате Лиз Шулер (Лиз виртуелно се вклучува)“ и „Им благодарите на учесниците“.

На крајот накратко пишува „Ти си заминуваш“.

На почеток