Свет

Наоружани пирати со „калашникови“ киднапирале шест Руси

Наоружани пирати нападнале руски товарен брод и киднапирале шест членови на екипажот, соопшти Федералната агенција за речен и помоски сообраќај, а утрово информацијата е потврдена од страна на Русија.

Пиратите биле наоружани со автоматски пушки „AK-47“, а членовите на екипажот ги куднапирале откако украле дел од работите на бродот, велат локалните медиуми.

Бродот кој има 24 членови на екипажот се наоѓал на околу 55 милји од Бенин кога пиратите го извршиле нападот.

Од рускиот Конзулат во Бенин работат на пуштање на киднапираните морнари.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток