Магазин

Илон Маск за неговите девет деца: „Сакав да помогнам во борбата против белата чума“

Само еден ден откако доби близнаци со Сивон Зилис, Илон Маск на Твитер напиша дека тоа е неговиот придонес во борбата против белата чума.

Откако се појави информацијата дека Маск има близнаци со Шивон Зилис, најбогатиот човек на светот реши се да коментира на Твитер.

„Давам се од себе за да помогнам во борбата против белата чума. Намалувањето на наталитетот е убедливо најголемата закана за нашата цивилизација“, напиша Маск и додаде:

„Премногу луѓе имаат лажно верување дека Земјата е пренаселена, и покрај фактот што трендовите на наталитетот директно се движат кон опаѓање на населението“, заклучи тој.

Со близнаците кои ги доби со Сиобан Зилис, милијардерот има вкупно девет деца – пет со поранешната сопруга, канадската писателка Џастин Вилсон, две со пејачката Грајмс и две со Сивон Зилис.

To Top