Магазин

(ВИДЕО) Ѓоковиќ славеше за титулата, па се фати за микрофонот

Новак Ѓоковиќ по седми пат го покори Вимблдон, освојувајќи ја 21. Грен слем титулата, па се врати во Србија да слави како што доликува – со својот народ пред градското собрание, а потоа и во кругот на семејството и најблиските пријатели.

За време на свечениот пречек на кој се собраа десетици илјади навивачи да го поздрават шампионот, во емотивно обраќање од балконот, Ѓоковиќ истакна колку му значи поддршката, најавувајќи нови трофеи.

По спектаклот на балконот, Новак прославата ја продолжи во ресторан со своето избрано друштво – сопругата Јелена, братот Ѓорѓе и неговата девојка, а атмосферата ја надополнија пејачот Саша Ковачевиќ и пријателот на Новак и музички продуцент Дамир Хандановиќ.

Хандановиќ во еден момент го отпеа големиот хит на Тома Здравковиќ „За Љиљана“, а Новак воодушевено ги крена рацете и пееше заедно со него. Тенискиот шампион не се двоумеше самиот да го земе микрофонот и да ја отпее „Miljackа“.

На почеток