Магазин

Бали-бег прогласен за виновен, за малку ќе завршеше во затвор

Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит, популарниот Бали-бег, е прогласен за виновен за навреда на екипата на снимањето на серијата „Основач Осман“.

Обвинителството при поднесување на обвинителниот акт побара затворска казна од четири години и еден месец. Но, тоа не се случи, а според адвокатите на жртвите, 150 лица сведочеле за навредите што Бурак ги упатувал кон своите клиенти.

Сепак, судот го прогласи актерот за виновен и донесе решение за условна казна од 3.000 лири или 30 лири во следните сто дена. Со оглед на тоа што ова му е прв прекршок, судот одлучи казната да биде условна, односно Озчивит да не мора да ја плати казната доколку нема други прекршоци.

Како причина за ваквата одлука се наведуваат некои олеснителни околности за актерот. Неговото незадоволство од работата на дел од екипата за време на снимањето на серијата било оправдано. Дел од екипата, односно вработените кои биле предмет на навреди на Бурак, ги занемарувале своите обврски, се однесувале дрско и непрофесионално, не го обезбедувале соодветно коњот на Бурак за време на снимањето, поради што актерот за малку ќе паднал од него во полн галоп.

Кога земаа се во предвид, судиите го осудија Бурак за некоректниот речник што го користел во состојба на лутина, но се вели дека е разбирливо. Поради оваа причина Бурак се извлече само со условна парична казна од случајот во кој обвинителството бараше повеќегодишна затворска казна.

На почеток