Актуелно

ММФ објави што ќе се случи со ЕУ ако Путин целосно го исклучи гасот: Три земји ќе поминат најлошо

Доколку Русија целосно го прекине снабдувањето со гас во Европа, БДП во земјите кои се најзависни од рускиот гас ќе падне и до 6 отсто. Поради ова ќе западне во рецесија, предупреди ММФ.

Имено, се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го задржи затворен Северен тек 1 откако ќе истече рокот за рутинско одржување.

Во својата анализа ММФ наведува дека Европа „се уште нема сеопфатен план“ за справување со недостигот на гас, што значи дека цените на енергијата ќе продолжат да растат, а тоа значително ќе влијае на економскиот раст, пренесува Индекс.

ММФ конкретно ги издвои Унгарија, Словачка и Чешка како три земји-членки на ЕУ кои ќе претрпат најлошо влијание во случај Русија всушност целосно да го прекине снабдувањето со гас, но нагласува дека во тој случај Германија, Австрија и Италија исто така ќе претрпат значителна штета на економијата.

На почеток