Свет

Европа бара од Нигерија дополнителни испораки на гас

Европската унија бара дополнителни испораки на природен гас (LNG) од Нигерија како подготовка за можното намалување на испораките на руски гас.

Ова го изјави Метју Болдвин, заменик генерален директор на Одделот за енергетика на Европската комисија.

Изјавата на Болдвин беше дадена во Нигерија, каде што престојуваше оваа недела и одржа серија состаноци со претставници на таа земја, најголемиот производител на нафта во Африка, пренесува Ројтерс.

На официјален претставник на ЕУ му беше кажано дека Нигерија ја подобрува безбедноста во делтата на Нигер и дека планира повторно да го отвори гасоводот Транс Нигер по август, што ќе овозможи поголем извоз на гас во Европа.

ЕУ увезува 14 отсто од вкупните потреби за ЛНГ од Нигерија и постои потенцијал за двојно повеќе, изјави Болдвин за Ројтерс.

На почеток