Охридските комуналци не запираат, бараат од жителите и туристите на Пештани да не паркираат на улицата за може да се собира отпадот
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид испрати известување до жителите на Пештани, но и до сите туристи кои во овој период од годината, летуваат во туристичкиот центар.
„Со цел навремено собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад се известуваат и замолуваат жителите на Пештани да не ги паркираат несоодветно возилата на улиците со што оневозможуваат возилата за собирање отпад благовремено го подигнат комуналниот отпад. Со тоа ќе се избегне лошата слика во однос на хигиената во Пештани“, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.
Инаку, охридските комуналци изминативе месеци постојано се на терен. Дел од контејнерите се празнат и по неколку пати во денот. Се преземаат активности за градот да не биде затрупан во ѓубре.