Полицаец во Албанија со глисер убил девојче (7) и се степал со нејзиниот татко на плажа


Арјан Таше, поранешен началник на полицијата во албанскиот град Химаре, е осомничен за убиството на 7-годишното девојче Јонада Авдија.
Тој е осомничен дека го убил девојчето со глисер, а кога се вратил на копно се степал со нејзиниот татко Бледар Авдие, пишува Блиц. Трагедијата се случила минатата недела околу 14 часот на плажата Потам во Албанија.
Тасе тврди дека изгубил контрола над глисерот, но очевидци велат дека вршел опасни маневри премногу блиску до брегот.
Таткото на девојчето за локалните медиуми изјавил дека пливал со својата ќерка во близина на брегот видел бел глисер со две лица како брзаат во негова насока.
„Тој дојде кај мене и кај неа со голема брзина. Јас нурнав, а глисерот директно удри во ќерка ми“, изјавил таткото за локалните медиуми, пренесува Блиц.
Очевидци на трагичниот настан го снимиле Тасе како се кара со таткото на девојчето додека посетителите на плажа се обидувале да ги разделат.
Tuča u Albaniji pic.twitter.com/g14yGP9Xw5
— sportsscandals (@sportsscandals1) August 5, 2022
Наставничката која тој ден била на плажата Блисим Ахметај на Фејсбук се присетила како Бледар му пришол по трагедијата и рекол: „Јас требаше да умрам наместо неа“.
Инспекторите велат дека полицаецот Тасе со глисер го носел своето семејство од Порто Палермо до Потам, кој се наоѓа на оддалеченост од околу пет километри од местото на несреќата. „Пропелерите предизвикаа сериозни повреди што доведоа до моментална смрт“, изјави портпаролот на полицијата.
Тасе сега е под истрага за убиство од небрежност, а 15 полицајци кои тој ден требало да го чуваат брегот се отпуштени, јавува Блиц.
Смртта на малото девојче Јонада ги разбесни граѓаните на Албанија, па поради ова протести се одржуваат ширум земјата. Во главниот град Тирана вчера десетици демонстранти се судрија со полицијата.
