Магазин

Нoвата серија на „Нетфликс“ ги воодушеви критичарите

Нoвата серија на „Нетфликс“ заработи одлични критики, судејќи според рејтингот на ИМД-б и „Ротен томатос“, веб-страницата агрегатор на рецензии.

„Сендмен“ или „Човекот од песок“ (The Sandman) дебитираше на стриминг-платформата во петокот и се чини дека ги воодушеви и критичарите и публиката. Серијата моментално има оцена од 8,2 на „ИМД-б“, додека на „Ротен томатос“ позитивно е оценета од 84% од критичарите и 88% од гледачите. Серијата е базирана на култниот серијал стрипови на Нил Гејман креирана за „Ди-си“, а се фокусира на бесмртното олицетворение на човечките соништа – Морфеј.

„Нетфликс“ ја опишува како „богат спој на модерен мит и мрачна фантазија каде што современата фикција, историската драма и легендата се беспрекорно испреплетени“.

„Серијата ги следи луѓето и местата под влијание на Морфеј, кралот на соништата, додека ги коригира космичките и човечките грешки што ги правел во текот на неговото огромно постоење,“ стои во описот.

„Сендмен“ го чинеше „Нетфликс“ неверојатни 165 милиони долари, а главните улоги ги толкуваат Том Стариџ како Сонот, Гвендолин Кристи како Луцифер, Кирби Хауел-Баптист како Смртта, Џена Колман како Јохана Константин, а Марк Хамил го позајми гласот за Мерв Пампкинхед.

Критичарите сметаат дека серијата е достојна за култниот стрип.

Иако има поделени мислења за адаптацијата на изворниот материјал, како и за квалитетот на главната улога на Стариџ, критичарите нагласуваат дека серијата вреди да се гледа. „Серијата секако дека го оправда своето постоење, особено во последните пет епизоди,“ велат тие.

И публиката се огласи на Твитер за да ја пофали новата серија, нарекувајќи ја неверојатна и навистина добра. Многумина твитнаа дека буквално си одат од работа рано за да ја гледаат.

Судејќи според реакциите на фановите, серијата е емотивен часовник со врвна актерска екипа.

На почеток