Магазин

Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

Актерката Ен Хеч (53) била во тешка состојба по сообраќајната несреќа која ја доживеала во петокот во Лос Анџелес, но нејзиниот претставник за медиуми пред два дена изјавил дека актерката е стабилна, а како што сега е познато, според странските медиуми, актерката е во кома и се бори за живот.

„Набргу по несреќата, Ен Хеч остана во несвест и падна во кома“, рече нејзиниот менаџер и додаде:

„Таа има значителна повреда на белите дробови за која е потребна механичка вентилација, а изгорениците бараат хируршка интервенција.

Дополнително, полицискиот оддел во Лос Анџелес добил налог за тестирање на крвта на актерката за да се утврди дали таа била под дејство на алкохол и/или дрога во моментот на несреќата.

Полицајците веруваат дека Хеч можеби била под дејство на алкохол кога го удрила својот син Mini Cooper во дом во Лос Анџелес, предизвикувајќи огромен пожар.

„Истрагата е во тек додека се чекаат резултатите од тестовите на крвта. Доколку се покаже дека била во алкохолизирана состојба, актерката може да биде обвинета за прекршочно удирање и бегство“, изјави претставник на полицијата.

Да потсетиме, поранешната партнерка на контроверзната водителка Елен Деџенерис и добитничка на наградата Еми во петокот наутро околу 11 часот удрила со својот автомобил Mini Cooper во гаража во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалија, а Хеч беше извлеченa од урнатините.

Несреќата предизвикала голем пожар, а на 59 пожарникари им биле потребни 65 минути да се приближат, да го ограничат и целосно да го изгаснат пламенот во внатрешноста на оштетената куќа. За среќа, сопственикот на куќата остана неповреден.

На почеток