Свидестелства нема, фирмата која треба да ги испечати е зафатена со органзирање на прославата за рамковниот договор


Од едната страна потписници владини функционери од ДУИ, од другата на договорот за јавни набавки сопственикот на „Арбериа Дизајн“, Хасим Хамзаи. Истата пракса со години, а само лани 61 јавна набавка завршила во раце на тетовскиот печатарски магнат. Фирмата којашто традиционално победува на јавните набавки за печатење свидестелства, објави Телма.
На 2 седмици од почетокот на учебната година, сведителства нема. Но затоа има два тендери на контото на „Арберија дизајн“ во висина од 13 милиони денари за оваа цел. Додека, учениците од повеќе паралелки чекаат писмен доказ за нивниот успех, „Арбериа“ се понуди и победи на тендерот на министерството водено од Артан Груби и утре треба да ја организира прославата за одбележување на Рамковниот договор. 100.000 евра за хотелско сместување, озвучување, хостеси, пејачи и кетеринг.
Фирмата е основана со шифра на дејност „печатање“, но на нивната интернет страница се промовираат неколку други бизнис понуди. Сопственикот е основач и добитник на јавни набавки во вредност од 1 милијарда денари.
Целиот текст можете да го прочитате тука
