Соседка на напаѓачот од Цетиње: „Цело семејство се чудни, не е само убиецот, брат му се обеси пред 15 години“
Првата соседка на Вук Бориловиќ, кој вчера уби 10 лица и повреди шест во Цетиње, открива каков бил нејзиниот сосед кој беше застрелан за време на вчерашната драма.
„Има некое зло во Цетиње. Сите сме со наведнати глави. Ѕверот уби и деца, нема оправдување. Завиени сме во црно. Прво ги убил децата… Тие деца си играа со неговите. Каква е таа судбина“, вели соседката.
Во разговор со српски „Курир“ зборувала и за неговото семејство.
„Никој не му направил ништо лошо. Цело семејство се чудни, не е само убиецот. Неговиот брат се обеси пред 15 години. Тоа остави голема трага на целото семејство Бориловиќ“, раскажува соседката.