Свет

Рогов предлага „режим на тишина“ околу нуклеарната централа Запорожје

Членот на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, Владимир Рогов, рече дека е неопходно да се прогласи „режим на тишина“ околу нуклеарната централа Запорожје, која, како што тврди, постојано е на удар на украинската армија.

Рогов за РИА Новости изјави дека раководството на ОН и шефовите на дипломатијата на ЕУ не треба да зборуваат за демилитаризација, туку за воведување режим на молк и да предвидат најстроги санкции за гранатирање нуклеарни централи.

„Тоа би ги отрезнило украинските националисти кои со гранатирање уценуваат и го ставаат целиот свет во ризик од нуклеарна катастрофа“, рече Рогов.

Нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили од март.

На почеток