Македонија

Ќе се менуваат учебници, има договор за св. Кирил и Методиј – ова се решенијата на историската комисија

Во изјава за медиуми на копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев кажа детали за усвоените решенија на Комисијата за заеднички чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за 6 одделение во Македонија и 5 клас Бугарија.

Постигнат договор за Цар Самуил и Светите браќа Кирил и Методи со кој ќе се менуваат и македонските и бугарските учебници.

Ѓорѓиев открива дека заедно со Бугарија ќе се чествуваат овие славни личности. Сепак посочува дека овие препораки на комисијата не се задолжителни за Владата туку останува самата Влада да одлучи.

Препораки има и за антиката која не смее да се романтизира, вели Ѓорѓиев и истата повеќе нема да се претставува од модерно гледиште на национални држави.

На почеток