Македонија

Второ колење во затворот “Идризово” во исти месец, директорот уште директорува

Вчера во затворот Идризово се случил инцидет во кој затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник.

Како што соопшти МВР, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот 35-годишен затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

И ова не е првпат.

Хорор во затворот „Идризово“: Заклан американски државанин

И по овие настани, директорот Шпенд Таири остана на функцијата. Овие настани покажаа дека во установата се уште има недозволени предмети меѓу затворениците.

На почеток