Спорт

Циципас го изненади Медведев, во финалето ќе игра со хрватската сензација

Стефанос Циципас и Борна Ќориќ ќе ги одмерат силите во финалето на Мастерсот што ќе се игра во Синсинати.

Грчкиот тенисер го изненади Данило Медведев, најдобриот моментално во светот и по многубројните перипетии славеше со резултат 2:1.

Во сетови беше 7:6(6), 3:6, 6:3 во меч кој траеше неколку часа бидејќи неколку пати беше прекинуван поради дожд.

Тоа ќе биде прво финале во Синсинати за Циципас бидејќи ја бара својата трета титула во серијата 1000 откако претходно победи во Монте Карло оваа и претходната година.

Негов ривал сигурно ќе биде најголемото изненадување на овој американски турнир – Борна Чориќ, кој на патот до финалето го елиминира Рафаел Надал и уште неколку големи имиња. Тука е и Камерон Нори кого без поголеми проблеми го совлада со резултат 2:0 (6:3, 6:4).

Британскиот тенисер беше четвртиот носител кој Ќориќ го елиминираше по споменатите Надал, Феликс Оже-Алијас и Роберто Баутиста Аугуто.

Циципас во два наврати играше со Ќориќ и моментално е изедначено. Последен пат на УС Опен играа во 2020 година, кога хрватскиот тенисер му спаси неколку меч топки на противникот и славеше по пет сета.

На почеток