Македонија

(ФОТО) Елизабета Канческа-Милевска славеше со Мијалкови за внуката на Сашо

Ексминистерката и пратеничка која гласаше за промена на името, Елизабета Канческа-Милевска, по подолго време е видна во јавност. Таа се повлече откако и заврши пратеничкиот мандат.

Ја судеа во Кривичен суд за предметот „Тендери“, којшто се однесува на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба. Судбината на предметот засега е непозната.

Канческа-Милевска е фотографирана со пејачката Тамара Тодевска, која пак, во „Мериот“ го славеше раѓањето на внуката на Сашо Мијалков. Освен со неа, на фотографијата е и Олга Костовска, најстарата ќерка на бизнисменот Трифун Костовски. Ова би значело дека ексминистерката и пратеничка, славела заедно со Мијалкови во „Мериот“.

Фотографијата со Канческа-Милевска е прикачена на социјалната мрежа „Твитер“. Таа е насмеана заедно со останатото друштво.

На почеток