Спорт

Падна и Циципас, Чориќ го освои Синсинати!

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го освои Мастерсот во Синсинати победувајќи го во финалето Стефанос Циципас со 2-0 во сетови.

Чориќ во финалето го совлада Циципас по нешто помалку од два часа борба, во сетови – 7:6, 6:2.

За хрватскиот тенисер ова беше второ Мастерс финале во кариерата, откако во 2018 година во финалето во Шангај загуби од Новак Ѓоковиќ.

Со тоа направи неверојатен скок на АТП рангирањето и од 152. место дојде на 29. со што го комплетираше тешкото и долго враќање на самиот светски врв.

За Чориќ ова воедно беше втора последователна победа над Циципас во кариерата, откако претходно го совлада во третото коло на УС Опен 2020 година со 3-2 во сетови.

На почеток