Македонија

Невремето донесе поплави, но и евакуации во Македонија

ИЛУСТРАЦИЈА

Поројните дождови донесоа и поплави во домовите на жителите на Општина Долнени. Ситуацијата ескалирала, а Центарот за управување со кризи информира дека има поплавени места и евакуација на жители.

„Водата во поплавените населени места се повлекува. Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани“, велат од ЦУК.

Тие посочија дека градоначалникот на општината информирал за евакуацијата.

„Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило“, додава ЦУК.

На почеток